Владлен Татарски загина во експлозија во кафуле / Фото: Твитер / скриншот

Руските власти уапсиле жена осомничена за убиството на воениот блогер Татарски

Руските истражители денеска соопштија дека привеле осомничена за експлозијата на бомба во кафуле во вториот по големина град во Русија, при што загина воениот блогер и поддржувач на руската кампања во Украина, Владлен Татарски.

Дарја Трепова е приведена под сомнение за вмешаност во експлозијата во кафуле во Санкт Петербург, соопшти рускиот Истражен комитет на Телеграм.

Според истрагата, Трепова е осомничена дека во кафулето донела кутија со биста на Татарски, во која имало експлозивна направа што го уби рускиот блогер.

Татарски загина вчера во експлозија во кафуле во Санкт Петербург, во која беа повредени уште 32 лица.

Му дадоа скулптура и го разнесоа, кој е загинатиот руски блогер во Санкт Петербург

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот