дрон EPA-EFE/YAHYA ARHAB/илустрација

Руските системи за противвоздушна одбрана соборија два украински беспилотни летала

Руските системи за противвоздушна одбрана синоќа пресретнале и уништиле два украински беспилотни летала над регионите Ростов и Воронеж, соопшти денеска руското Министерство за одбрана (МО).

Според гувернерот на регионот Воронеж, Александар Гушев, нема жртви или материјална штета во регионот по уништувањето на украинските беспилотни летала, пренесува РИА Новости, пренесува Танјуг.

„Во оваа област не е прогласена општа закана од напади од украински беспилотни летала бидејќи е оценето дека нема непосредна закана“, напиша Гусев на каналот Телеграм.

Руските војници, кои воспоставија позиции на десниот брег на реката Оскол во регионот Харков и ја подобрија својата тактичка позиција, во последните денови зазедоа и неколку борбени упоришта на украинските вооружени сили, потврди воениот експерт Андреј Марочко за агенцијата Тасс.

Тој рече дека руските војници го зајакнуваат мостот на десниот брег на Оскол и дека во блиска иднина „непријателот едноставно нема да може да направи ништо во новонастанатата ситуација на бојното поле“.

„Досега, украинската армија секогаш се обидуваше да ги турка руските војници назад на левиот брег на реката, но сите овие обиди се покажаа како залудни“, нагласи воениот експерт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот