одеса EPA-EFE/SEDAT SUNA

Руските поморски сили ја гранатираат периферијата на Одеса

Првпат од почетокот на војната, руските поморски сили почнаа да ја гранатираат периферијата на црноморското пристаниште Одеса за да го оневозможат пристапот на украинската војска до морето, јави Би-Би-Си.

Според Олексиј Гончаренко, украински пратеник од Одеса, бидејќи руската армија не можела да дојде до копното, почнала да бомбардира станбените области за да обезбеди психолошка предност.

– Сфаќаме дека Одеса е очигледно стратешка цел на оваа војна, но руската војска не може да стигне до копното, нашата армија ги држи позициите, така што (рускиот претседател Владимир Путин) почна со бомбардирање насекаде во Украина, бомбардирање, тој едноставно гаѓа станбени области. Има стотици странски новинари во Киев и некои во Одеса, кои видоа дека се бомбардираат станбени области, без воени цели, вели Гончаренко.

Според него, Русите планираат копнена операција против Одеса, бидејќи на нивните бродови може да се видат многу маринци. – Мислам дека идејата е да се нападне Одеса од неколку правци, оцени тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот