Илустрација: Руски ракетни лансери на фронтот кај Авдиивка - Фотографија Профимедиа

Руски проектил погоди зграда во Украина, најмалку едно лице загина

Руска балистичка ракета погоди станбена зграда во украинскиот град Криви Рих, при што загина најмалку едно лице, соопштија локалните власти.

Гувернерот Серхи Лисак изјави дека уште најмалку 11 лица се повредени, а повеќе луѓе би можеле да останат заробени под урнатините.

За жал, се подготвуваме за тешки вести“, напиша градоначалникот Олександр Вилкул на својот канал на Телеграм.

Неколку минути пред неговото соопштение, украинските воздухопловни сили предупредија на „закана за напад со балистички ракети“ за јужните и централните региони на Украина. Нападот се случи додека Украина се подготвуваше официјално да го прослави Божиќ.

„Додека остатокот од светот го слави Божиќ, Украинците продолжуваат да страдаат од бескрајните руски напади“, напиша на социјалните мрежи украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот