Иван Кулиак со спорниот знак на победничкиот пиедестал/ принтскрин/јутјуб

Руски гимнастичар јавно ја поддржал инвазијата врз Украина, на градите имал симбол на руските тенкови

Рускиот гимнастичар Иван Кулиак (20) го освои брозниот медал на Светското првенство во Доха, Катар, а на свечената церемонија на доделување на медали го шокира светот, појавувајќи се знак кој стои на тенковите на руската армија.

На опремата, на градите беше залепена буквата „З“ (Z) во латинично писмо, поради што многумина веруваат дека Кулиак така ги поддржал руските воени сили во Украина.


Иако не е точно што претставува буквата „Z“, светските медиуми тоа обележје го поврзаа со руските тенкови на кои исто така ја има истата буква. Дел од медиумите тврдат дека дека буквата се однесува на „Операција З“, односно на руската инвазија на Украина која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“.

На победничкиот пиедестал покрај Кулиак беше и Украинецот Илија Ковтун кој го освои златниот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот