воена парада москва русија 2022
Москва, Русија / EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Руски експерт: НАТО би ризикувал нуклеарен одговор ако Калининград биде блокиран

Русија би можела да распореди нуклеарно одвраќање ако се соочи со закани што би можеле да ја загрозат нејзината безбедност и територијален интегритет во Балтичкиот регион. Ова им го нагласи на руските медиуми Игор Жуковски, виш истражувач во Групата за сеопфатни студии на Балтичкиот регион при Институтот за светска економија и меѓународни односи на Руската академија на науките.

„Овие закани вклучуваат блокирање на пристапот до виталните транспортни комуникации што се директно поврзани со Балтичкото Море, Калининград и Санкт Петербург“, нагласи Жуковски.

Според него, сегашната верзија на нуклеарната доктрина на Русија предвидува дека секоја агресија од страна на земја-членка на воениот блок се третира како напад од страна на целиот сојуз.

„Хипотетичките дејствија на Полска за блокирање на морскиот пат до регионот Калининград би се сметале за агресија на НАТО против Русија – со сите последици што тоа ги носи“, предупреди тој.

Жуковски, исто така, коментираше за неодамнешните инциденти во кои беа исечени кабли на дното на Балтичкото Море. Како што истакна, причините може да бидат различни, но европските елити ја користат секоја можност да ја обвинат Русија за саботажа, бидејќи тоа им одговара политички, пренесува српска Политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот