Рускиот претседател Владимир Путин - Фотографија ЕПА, Прес служба на Кремљ

Руската Влада поднесе оставка по инаугурацијата на Путин

Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша указ за оставка на владата, што е процедура предвидена со закон кога шефот на државата ја презема функцијата.

Досегашниот премиер – Михаил Мишустин, неговите заменици и министри ја продолжуваат својата работа, но во својство на в.д.по инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин.

– Согласно член 35 од Федералниот уставен закон „За Владата на Руската Федерација“, одлуката за оставка на Владата на Руската Федерација, поднесена до новоизбраниот претседател на Русија, беше официјализирана со владина наредба на денот кога претседателот на Русија ја презеде функцијата, се вели во соопштението.

Досегашниот премиер – Михаил Мишустин, неговите заменици и министри ја продолжуваат својата работа, но во својство на вршители на должност.

Автоматски престануваат и овластувањата на раководството на претседателската администрација на Руската Федерација. Станува збор за позиции кои ги назначува шефот на државата. Тука спаѓаат шефот на претседателската администрација, неговите заменици, портпаролот на претседателот, помошниците и советниците, шефот на протоколот, секретарот на Советот за безбедност и овластените претставници во федералните окрузи.

Составот на владата во заминување беше 17-ти во современата историја на Русија. Таа беше составена во јануари 2020 година, откако втората влада на Дмитриј Медведев поднесе оставка. Следната влада првпат ќе се формира според прописите утврдени во 2020 година со измена на Уставот.

Според традицијата, претседателот пред инаугурацијата одржа средба со владиниот кабинет во заминување. Путин се заблагодари на владата за нивната заедничка работа, потсетувајќи на предизвиците со кои се соочија во изминатите четири години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот