Знамињата на Молдавија и Русија
Фото: Ink Drop / Alamy / Alamy / Profimedia

Руската служба за надворешно разузнавање тврди дека НАТО планира да ја окупира Молдавија

Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) соопшти дека НАТО распоредува воени единци во Романија во близина на границата со Молдавија, кои треба да се „истоварат“ во украинската област Одеса.

Според руските разузнавачи распоредувањето на НАТО сили е обид Европска Унија да ја „окупира“ Молдавија.

Во извештајот на СВР, објавен од руската државна новинска агенција ТАСС, се наведува дека ЕУ „е одлучна да ја задржи Молдавија во рамките на својата русофобна политика. Тоа планира да го направи по секоја цена, вклучително и распоредување на трупи и де факто окупација на земјата“.

Во оваа фаза, воени единици на НАТО се концентрирани во Романија во близина на молдавската граница. Се подготвува „десант“ на НАТО во украинскиот регион Одеса за заплашување на Приднестровје.

Според достапните информации, првата група професионален воен персонал од Франција и Велика Британија веќе пристигнала, се истакнува во соопштението на СВР.

Приднестровје, територија што се наоѓа на границата со Украина, се отцепи од Молдавија во 1992 година. Приднестровје, има силна поддршка од Русија и де факто функционира како независна држава со сопствена влада, армија, валута и пасош.

Молдавија бара сеопфатно решение, со кое целосно би се регионот во нејзина територија. Но, руската инвазија на Украина во 2022 година ги запре сите напори за наоѓање решение преку преговори „5+2“ во кои учествуваат Русија, Украина и Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и ЕУ и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот