Искандер-М / EPA/SERGEI ILNITSKY

Руската армија ја започна третата фаза од вежбите со нестратешко нуклеарно оружје

Руската армија денеска го најави почетокот на третата фаза од вежбите за распоредување на нестратешко нуклеарно оружје, при што ќе се разработуваат прашања за подготовка на единиците на вооружените сили на Руската Федерација за борбена употреба на ова оружје.

„Во согласност со одлуката на претседателот на Руската Федерација, започна третата фаза од вежбата на нестратешко нуклеарни сили“, соопшти Министерството за одбрана.

Војниците од јужниот и централниот воен округ ќе бидат обучени како да распоредуваат лажни боеви глави за оперативните и тактички ракетни системи Искандер-М и тајно да ги преместуваат на локации за лансирање, додаде Министерството.

Според наведеното сегашната фаза на вежбата има за цел да ја одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на руското нестратешко нуклеарно оружје за извршување на борбени задачи.

Инаку, во текот на првата и втората фаза беа решени прашањата за подготовка на единиците на јужниот и ленинградскиот воен округ, единиците на воздухопловните сили и морнарицата за борбена употреба на нестратешко нуклеарно оружје. За потсетување Русија ја одржа првата фаза од вежбите во мај, а Белорусија се приклучи на втората фаза во јуни, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот