Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: Европската Унија подготвува „српски Мајдан“
Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) денес објави дека протестите во Србија во голема мера се поврзани со субверзивните активности на Европската Унија, чија цел е да донесе на власт во оваа земја, како што наведува, „раководство лојално на Брисел“.
Препорачано
„Европската Унија го подготвува „српскиот Мајдан“… Според информациите добиени од Руската служба за надворешно разузнавање, сегашните немири во Србија со активно учество на млади луѓе се во многу погледи производ на субверзивните активности на Европската Унија и нејзините земји членки“, се наведува во соопштението што денес го пренесе агенцијата РИА Новости.
СВР наведува дека „целта на европскиот либерален мејнстрим е да донесе на власт во оваа најголема балканска земја раководство кое е послушно и лојално на Брисел“.

Терминот „Мајдан“ во Украина се користи за да се опишат масовните демонстрации во таа земја, кои започнаа на 21 ноември 2013 година, откако тамошната влада, која беше избрана по парламентарните избори во 2012 година, одби да потпише договор за поблиска интеграција на Украина со Европската Унија.
Демонстрациите кулминираа на 22 февруари 2014 година со разрешувањето на украинскиот претседател Виктор Јанукович, по што новата влада на Украина потпиша договор за интеграција со ЕУ на 21 март истата година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
5мин
-
6мин
-
12мин
-
14мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5