
Русија тврди дека уништила три ХИМАРС системи во регионот Суми во Украина
Руската армија уништила три лансери ХИМАРС во регионот Суми во Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Како резултат на извидувачките активности на вооружените сили на Русија, на 20 километри југоисточно од градот Суми, откриени се камуфлирани позиции на ХИМАРС од американско производство, кои беа користени и испорачани од вооружените сили на Украина“, се наведува во соопштението, јавуваат медиумите повикувајќи се на руски извори.
Руското министерство за одбрана наведе дека откако ја потврдиле локацијата на софистицираниот ракетен систем, била донесена одлука да се извршат напади со „висока прецизност“ на позициите на ХИМАРС.
Претходно денеска Укринформ објави дека најмалку 13 лица, меѓу кои четири деца, се повредени во ракетен напад на руската армија врз центар за социјална и психолошка рехабилитација на деца и дом за сираци во градот Суми во Украина.
Освен тоа, уништена е една образовна институција и најмалку пет висококатници, јавува Танјуг.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5