Дипломатско возило на Русија / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Русија прогласи пет полски дипломати за „персона нон грата”

Руското Министерство за надворешни работи прогласи пет лица вработени во полската Амбасада во земјата за „персона нон грата” и тие мора да ја напуштат Русија до крајот на денот на 15 мај.

Руското Министерство за надворешни работи прогласи пет лица вработени во полската Амбасада во земјата за „персона нон грата” и тие мора да ја напуштат Русија до крајот на денот на 15 мај.

Руските медиуми претходно објавија дека полскиот амбасадор Кшиштоф Крајевски бил повикан во Министерството за надворешни работи во Москва во знак на протест против „неоснованото прогласување” на тројца вработени во руската Амбасада во Полска за непожелни „под апсурден изговор за солидарност со САД во врска со неосновани обвинувања за учество на Москва во кибернапади на територијата на Америка”.

На амбасадорот му било кажано дека, „како соодветна мерка против провокативните активности на Полска за протерување руски дипломати и врз основа на принципот на реципроцитет, Министерството прогласи пет лица вработени во полската Амбасада во Русија за персона нон грата“.

Полска претходно донесе одлука да прогласи тројца вработени во руската Амбасада во Варшава за непожелни. Како причината за оваа одлука е наведена „повреда на дипломатскиот статус на овие лица и вршење активности на штета на Полска”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот