Фото: EPA/EFE

Русија најави нови услови за завршување на војната, различни од пред една недела

Русија ѝ кажа на Украина дека е „подготвена веднаш да ги прекине воените операции доколку Киев исполни три услови“, изјави портпаролот на Кремљ.

Дмитриј Песков рече дека Москва сака Украина да запре воена акција, да го промени нејзиниот устав за да обезбеди неутралност (гаранција дека Украина нема да стане членка на ниту еден блок – ЕУ или НАТО), да го признае Крим како руска територија и да ги признае сепаратистичките републики Доњецк и Луганск како независни држави.

Песков во телефонско интервју за Ројтерс изјави дека Украина е запознаена со условите. „И им беше кажано дека сето тоа може да се прекине во еден момент“, рече тој. Од украинска страна засега нема реакција.

Промени во условите

Портпаролот на Кремљ инсистираше на тоа дека Русија не сака да наметнува дополнителни територијални претензии кон Украина и рече дека „не е точно“ дека се бара предавање на Киев.

„Навистина ставаме крај на демилитаризацијата на Украина. Ќе ја завршиме. Но, главната работа е Украина да ја прекине својата воена акција. Треба да ја прекинеме нашата воена акција и тогаш никој нема да пука“, рече тој.

Новите услови на Москва се различни од оние од пред една недела. Во тоа време, условите на Путин беа да се гарантира неутрален статус на Украина, признавање на рускиот суверенитет на Крим, но и „демилитаризација и денацификација“ на земјата.

ВО ЖИВО | Конфликтот во Украина, вести од минута во минута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот