Украина фото: EPA

Русија ја презела контролата врз Подубное во ДНР, загинале 190 украински војници

Борбената група Исток на руската армија ја презеде контролата врз населбата Подубное во Донецката Народна Република (ДНР), а украинските сили изгубија 190 војници во зоната на дејствување за еден ден, објави денес руското Министерство за одбрана.

„Како резултат на активните и решителни дејствија на единиците во рамките на руската борбена група Исток, населбата Подубное во ДНР беше ослободена“, се вели во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.

Руска војска/ Фото: МИА

Во соопштението се наведува дека персоналот и опремата на три механизирани бригади на Вооружените сили на Украина и две бригади за територијална одбрана претрпеле загуби во областите на населбите Полтавка, Олгговское и Малиновка во Запорожје, како и во областите Воскресенко, Новопилје и Карл Маркс во Донецката Народна Република.

„Вооружените сили на Украина загубија околу 190 војници, три оклопни борбени возила, пет автомобили и две полеви артилериски оружја“, се вели во соопштението на руското министерство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот