Кримски мост/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Русија издаде потерници по петмина осомничени за нападот на Кримскиот мост

Руските власти издадоа потерници по пет лица обвинети за вмешаност во напад на Кримскиот мост во октомври 2022 година. Според претседателот на Истражниот комитет на Русија, Александар Бастрикин, станува збор за државјани на Украина и Грузија кои се во бегство, пренесува Спутник.

Како што изјави Бастрикин, подготовката и организацијата на нападот биле водени од украинската безбедносна служба СБУ, под директно раководство на нејзиниот шеф Василиј Маљук. Осомничените, како што посочи тој, дејствувале како дел од организирана група оформена надвор од границите на Русија.

Имено, меѓу лицата за кои е распишана потерница се украинските државјани Михаил Цјуркало, Денис Ковач и Сергеј Андрејченко, како и грузиските државјани Леван Бенашвили и Александар Инасариѕе. Тие, според руските истражители, биле директно вклучени во транспортот и внесувањето на експлозивните направи во Русија.

Експлозијата на Кримскиот мост на 8 октомври 2022 година ја оштети патната и железничката инфраструктура, а рускиот претседател Владимир Путин го оквалификува нападот како терористички акт зад кој, како што рече, стојат украинските специјални служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот