Затвореници Фото: Х Володимир Зелеенски

Русија и Украина разменија заробеници

Руското Министерство за одбрана денес објави дека 146 руски војници се вратени од територијата контролирана од Украина, а дека 146 воени заробеници на вооружените сили на Украина се префрлени во замена.

Како што е наведено, осум граѓани на Руската Федерација, жители на Курската област, кои беа нелегално држени од режимот во Киев, се вратени и ќе бидат однесени дома.

Во моментов, руските војници се наоѓаат на територијата на Белорусија, каде што им се пружа потребната психолошка и медицинска помош, пренесува РИА Новости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот