Градот го носи името на болшевичкиот револуционер Михаил Калинин - Фотографија Profimedia 30.08.2022 Russia, Kaliningrad region, Kaliningrad,Image: 718008441, License: Rights-managed, Restrictions: *** World Rights Except Russian Federation, Switzerland and Liechtenstein ***, Model Release: no, Credit line: Kommersant Photo Agency / ddp USA / Profimedia

Русија го затвора полскиот конзулат во Калининград

Русија на 29 август ќе го затвори Генералниот конзулат на Полска во Калининград, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за надворешни работи.

„Полскиот вршител на должноста амбасадор во Русија денеска беше повикан во руското Министерство за надворешни работи и му беше предадена нота со која се информира дека… руската страна ја повлекува својата согласност за функционирање на Генералниот конзулат на Полска во Калининград од 29 август 2025 година“ се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на руското Министерство.

Се наведува дека таквата мерка е одговор и е предизвикана од неоправданите дејствија на Полска, кои под, како што велат, „продолжен изговор“ го намалија конзуларното присуство на Русија во оваа земја.

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Павел Вронски, денеска изјави дека Полска ќе одговори на „соодветен“ начин на затворањето на полскиот конзулат во Калининград.

Рускиот генерален конзулат во Краков престана со работа на 27 јуни, а во тоа време вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, нагласи дека страните веќе ги потпишале последните документи, а зградата на Генералниот конзулат била предадена на полската страна.

Подоцна истиот ден, Ордаш изјави дека затворањето на рускиот генерален конзулат во Краков е чин на непријателска акција од страна на полските власти.

Според него, овој чекор е насочен кон намерно деградирање на билатералните односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот