Русија ги укинува визите за Кинезите

Русија ќе воведе безвизен режим за кинеските државјани, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со членот на Политбирото на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК) и потпретседател на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес (НПК), Ли Хонгџонг, објави ТАСС.

Почнувајќи од 15 септември, кинеските власти ќе воведат безвизен режим за руските државјани со обични странски пасоши, дозволувајќи престој до 30 дена.

– Се разбира, Русија ќе возврати на овој пријателски гест. Ќе го направиме истото – нагласи Путин.

Според Пекинг, Русите ќе можат да патуваат во Кина без виза за бизнис, туризам, посета на роднини и пријатели или за разменски посети во траење до 30 дена.

Веќе е во сила билатерален договор за безвизен режим за организирани туристички групи меѓу двете земји. Турите можат да се организираат само од акредитирани оператори од двете страни, а групите мора да имаат најмалку пет, а најмногу 50 лица.

Други кинески туристи досега доаѓале во Русија со обични или со електронски визи. Од август 2023 година, е достапна електронска виза која им овозможува на носителите да престојуваат во Русија до 30 дена. Таа може да се добие за неколку дена и чини околу 40–50 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!