Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Русија до 2030 година ќе инвестира над 1 милијарда долари во Куба
Русија соопшти дека до 2030 година ќе инвестира повеќе од 1 милијарда долари во развојот на нејзиниот долгогодишен политички сојузник Куба, пренесува Ројтерс.
Препорачано
Москва претходно објави план за помош на Куба, но ова е прв пат да ја прецизира сумата. Инвестициите се планирани во клучни сектори како што се производство на електрична енергија, земјоделство и јавно осветлување.
Рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко изјави дека руските компании и бизнисмени изразиле подготвеност да инвестираат повеќе од 1 милијарда долари во економијата на Куба, која се бори со тешкотии.
Изјавата дојде откако кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел и рускиот лидер Владимир Путин се сретнаа во Кремљ.
Русија со децении ѝ обезбедува на Куба финансиска и материјална помош, вклучувајќи нафта, инвестиции во инфраструктура, а неодамна и организирање на доаѓање на руски туристи во земјата.
За време на посетата на Русија, Дијаз-Канел ќе присуствува и на одбележувањето на 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници над нацистичка Германија, објави Танјуг.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
10мин
-
33мин
-
43мин
-
47мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5