Обединети нации /Фото: МИА

Русија бара нов состанок на Советот за безбедност на ОН

Русија побара нов состанок на Советот за безбедност на ОН за 31 јули, изјави првиот заменик-постојан претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.

„Тврдоглаво се обидувате да игнорирате како темелно корумпираниот режим во Киев се обидува да ја спаси кожата на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски и неговата клика, ставајќи ја во прашање иднината на нивната земја. Ќе разговараме за ова детално на специјалниот состанок што го побаравме за 31 јули, каде што предлагаме да се концентрираме на дискусија за активности што го поткопуваат барањето начини за дипломатско решавање на украинскиот конфликт, вклучително и обидите за попречување на директен руско-украински преговарачки пат во Истанбул“, рече Пољански на состанокот на Советот за безбедност за Украина, обраќајќи се пред претставниците на западните земји, пренесува ТАСС.

Според неговите зборови, Русија долго и доследно предлага дипломатско решение за украинската криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот