Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Рудар од Крива Паланка тешко се повредил на работното место

Вчера во приватна лекарска ординација во Крива Паланка бил донесен рудар, тешко повреден во несреќа на работното место во рудник во близина на градот, соопшти МВР.

„На 08.01.2025 во 15.00 часот во ОВР Крива Паланка, лекар од приватна здравствена установа во Крива Паланка пријавил дека кај нив со повреди бил донесен М.Ц. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во рудник во Крива Паланка“, соопшти полицијата, додавајќи дека се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот