Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Роналдо повторно оди на суд поради силување?

Како што стојат работите, Кристијано Роналдо повторно ќе мора да оди на судење поради обвинение за силување.

Според објавените информации во медиумите станува збор за случај кој бил отфрлен минатата година. Кетрин Мајорга го обвини Португалецот дека ја силувал во 2009 година во хотелска соба во Лас Вегас, но една година подоцна тие постигнале договор без судска постапка.

Наводно Роналдо и исплатил сума од 375.000 долари, но во 2018 година случајот повторно дојде на суд и барањата за оштета изнесуваа 25 милиони долари.

Адвокатите на Мајорга сакаат судот повторно да го отвори случајот. Тие бараат судот да го прифати договорот кој Мајорга го потпиша во 2010 година, тој договор и оневозможувал да изнесува детали.

По потпишаниот договор, Мајорга примила уплата од Роналдо за која подоцна адвокатите тврдеа дека била прениска.

„Силувањето е одвратно злосторство, спротивно на се во што верувам“, изјави тогаш Роналдо по обвинувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!