Фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Роналдо емотивно се прости од Жота: Ми зборуваше за венчавка…

Светот на фудбалот сè уште е во шок по трагичната несреќа во која животите ги загубија Диого Жота и неговиот брат Андре. Меѓу првите што јавно реагираа е и португалската фудбалска икона Кристијано Роналдо, кој беше соиграч со Жота во репрезентацијата на Португалија.

Преку социјалните мрежи, Роналдо упати трогателна порака полна емоции и сочувство кон блиските на Жота и Андре.

„Сè уште не можам да разберам што се случи. Пред неколку дена бевме заедно во репрезентација, ми зборуваше за венчавката… До твојата сопруга, децата и целото семејство – упатувам длабоко и искрено сочувство. Нека најдат сила да ја пребродат оваа болка. Знам дека секогаш ќе бидеш со нив и со нас. Почивајте во мир, Диого и Андре. Ќе ни недостигате“, напиша Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

ВИДЕО | Прва снимка од местото на несреќата каде што загина Жота

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот