Романот „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски преведен на руски јазик

Во Москва излезе од печат романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски преведен на руски јазик.

Руското издание на романот „Папокот на светлината“ е издадено во тврд повез, а на корицата е фрагмент од сликата „Гулаби“ на македонскиот уметник Драги Хаџи Николов. Краток предговор за книгата напиша самиот автор.

„Папокот на светлината“ е седмо дело во проектот „Македонскиот роман на 21 век“, што Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија, го конципира и почна да го реализира во 2014 година во соработка со реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“, кој обезбедува натамошна дистрибуција на книгите на руското јазично подрачје.

Во рамките на тој проект досега беа објавени романите „Храпешко“ на Ермис Лафазановски, „Водена пирамида (Патот на јагулите)“ на Луан Старова, „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Маџун“ на Влада Урошевиќ и „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!