Романија ни ја крои групата, или со Холандија или во групата на смртта

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски првично се наоѓаат во Групата Ц каде потенцијални ривали се Холандија, Украина и Австрија, но доколку Романија победи во плејофот во Лигата на нациите и обезбеди пласман на ЕП тогаш тие ќе бидат во Групата Ц.

Тогаш Македонија би играла во Групата Ф која е вистинска група на смртта со три поранешни и актуелниот европски шампион, Германија, Франција и Португалија.

Сепак, за фудбалерите да играат на ЕП 2020 мора да триумфираат во плејофот од Д-дивизјата во Лигата на нациите. Во полуфиналето кое се игра на 26 март играме против Косово во Скопје, а евентуаелен ривал во финалето е подобриот од второто полуфиналео помеѓу Грузија – Белорусија.

Евро 2020 ќе се игра до 12 јуни до 12 јули низ цела Европа, КАКО прослава на 60-годишнината од првиот континентален шампионат, а дури 12 градови во Европа ќе го организираат шампионатот, додека полуфиналните дуели и финалето ќе се играат на „Вембли“ во Лондон.

ЖДРЕПКА ЗА ЕВРО 2020

ГРУПА А (Рим, Баку)

Италија
Швајцарија
Турција
Велс

ГРУПА Б (Санкт Петербург, Копенхаген)

Белгија
Русија
Данска
Финска

ГРУПА Ц (Амстердам, Букурешт)

Украина
Холандија
Австрија
Лига Д/А

ГРУПА Д (Лондон, Глазгов)

Англија
Хрватска
Чешка
Лига Ц

ГРУПА Е (Билбао, Даблин)

Шпанија
Полска
Шведска
Лига Б

ГРУПА Ф (Минхен, Будимпешта)

Германија
Франција
Португалија
Лига А/Д

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот