
Роман е најмладиот загинат руски војник во инвазијата во Украина, имаше само 18 години
Повеќе британски медиуми известија дека во Украина е убиен Роман Акимов (18), кој е најмладиот руски војник за кого е потврдено дека смртно настрадал при инвазијата на Украина.
Препорачано
Идентификуван е со ДНК анализа, а неговите родители за смртта се известени три недели откако е убиени.
На родителите Евгенија и Иван посмртно им е доделен рускиот Орден на храброста, која се доделува со указ на рускиот претседател Владимир Путин.
„Дури на 10. април дознавме дека е убиен на 17. март. Последен пат со него се слушнавме на 15 март, рече Наталија, сестрата на Роман. После тоа изгубивме конткат. Дури на 10. април дознавме дека е убиен на 17. март. Смртта е потврдена со анализа на примерок на ДНК, рече Наталија Акимова.
Мајката на Роман на социјалните мрежи објави негова фотографија со следниот текст: „Никогаш нема да те заборавам. Ветувам. Немав време да ти кажам толку нешта. Прости ми за сите лоши работи. Барем да можев цврсто да те гушнам“.
„Би сакала да можев последен пат соодветно да се простам од тебе и да те погледнам во очи последен пат“, стои во објавата на мајката на Роман.
Роман Акимов во руската војска е регрутиран во сибирскиот регион Краснојарск.
За бројот на загинати руски војници во Украина објавува само украинската страна
Украина информираше дека од почетокот на руската инвазија, убиени се 20.900 руски војници. Ова се наведува во новиот извештај за руските загуби за време на инвазијата.
Украинците тврдат дека досега срушиле 171 авион, 150 хеликоптери, уништиле 815 тенкови, 2.087 оклопни транспортери, 391 артилериски систем, 136 повеќецевни ракетни фрлачи, осум бродови, 76 цистерни со гориво.
Овие информации не се потврдени од независен извор.