Трамп и Путин во Алјаска

Ројтерс: САД и Русија разговарале за енергетските договори за време на преговорите за мир во Украина

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори овој месец на маргините на разговорите насочени кон постигнување мир во Украина, изјавија за Ројтерс извори запознаени со дискусиите, дознава Ројтерс.

Договорите беа предложени како стимулации за да се убеди Кремљ да се стреми кон мир во Украина и да му се овозможи на Вашингтон да ги ублажи санкциите кон Русија, велат изворите. Русија е ефикасно исклучена од повеќето меѓународни инвестиции во својот енергетски сектор и од склучување големи договори поради санкциите воведени по нејзината инвазија на Украина што започна во февруари 2022 година.

Претставниците го разгледувале повторното вклучување на „Ексон Мобил“ во рускиот проект за нафта и гас „Сахалин-1“, велат тројца од изворите.

Тие, исто така, ја разгледуваат опцијата Русија да купи американска опрема за своите проекти за течен природен гас (ЛНГ), како што е „Арктик ЛНГ 2“, кој е под западни санкции, велат четворица од изворите.

Ниеден од изворите не може да биде именуван бидејќи не бил овластен јавно да зборува за разговорите.

Друга идеја беше САД да купат мразокршачи на нуклеарен погон од Русија, објави Ројтерс на 15 август.

Преговорите се одржаа за време на посетата на американскиот претставник Стив Виткоф на Москва претходно овој месец, кога се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и неговиот инвестициски претставник Кирил Дмитриев, рекоа три извори.

Тие биле и предмет на разговори во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, а договорите накратко биле дискутирани на самитот во Алјаска на 15 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот