Род Стјуарт / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Род Стјуарт го обвини Нетанјаху дека се обидува да ги уништи Палестинците

Пејачот Род Стјуарт го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека се обидува да го уништи палестинскиот народ, тврдејќи дека тој „им прави на Палестинците она што им се случи на Евреите“ во минатото.

Поп-ѕвездата, која настапи во Тел Авив во 2017 година и покрај повиците за бојкот на Израел, рече дека целта на Нетанјаху е „уништување“ на Палестинците, пишува британскиот „Телеграф“.

„Она што Нетанјаху им го прави на Палестинците е токму она што им се случи на Евреите. Тоа е уништување, и негова цел е да се ослободи од сите нив.. Не знам како може да  спие мирно“, изјави популарниот пејач.

 

Во интервју за „Радио Тајмс“, 80-годишниот музичар рече дека „некој мора да направи нешто“, за да спречи геноцид.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот