Фото: EPA/MATTEO BAZZI

Робињо во затворот си најде бизнис-партнер, заедно ќе отворат обложувалница

Поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Робињо, кој повеќе од една година ја издржува затворската казна во Бразил поради групно силување извршено во Италија во 2013 година и зад решетки наоѓа начини да остане активен.

Како што пренесува шпанската „Марка“, Робињо не само што времето го користи за работа со која си ја намалува казната, туку наводно успеал и да пронајде бизнис партнер.

Се работи за хакерот Валтер Делегати, кој отслужува осумгодишна казна поради хакирање на правосудниот систем во Бразил. Според медиумите, двајцата веќе разработуваат идеја за заеднички бизнис, обложувалница што планираат да ја отворат откако ќе излезат на слобода.

Иако се сместени во различни ќелии, Робињо и Делегати честопати го поминуваат времето заедно во затворскиот двор каде што пишуваат локалните медиуми, ја развиле оваа бизнис идеја.

Робињо е осуден на девет години затвор, но со тоа што работи во затворот, има можност да си ја скрати казната и за секои 12 часа работа му се одбројува еден ден помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот