фото: РК Аеродром

РК Аеродром непријатно го изненади Еурофарм Пелистер 2

Денеска во македонската ракометна Супер лига екипата на Аеродром направи изненадување совладувајќи го Еурофарм Пелистер 2 во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со резултат 40:38.

По првото полувреме ракометарите на Аеродром имаа предност од четири голови разлика (23:19).

Во победничките редови Костов 12 пати се запиша во листата на стрелците, а на спротивната страна по осум голови маа Белистојаноски и Трпчевски.

На табелата во групата „А“ по третиот триумф сезонава РК Аеродром е на четвртата позиција со девет бодови, а по третиот пораз во низа Еурофарм Пелистер 2 на шестото место со три бодови.

Во следното коло РК Аеродром ќе гостува кај Охрид, додека Еурофарм Пелистер 2 се соочува со Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот