Контејнери во Лос Анџелес/ Фото EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Риека ќе стане клучен логистички центар на Европа

Риека се позиционира како клучен логистички центар на европската мапа, а новиот контејнерски терминал „Риечка Гејтвеј“ е клучен проект што ќе донесе дури 2.500 нови работни места. Овој технолошки најнапреден терминал во регионот, заедничка инвестиција вредна 380 милиони евра, наскоро ќе започне со работа.

Во текот на август, „Риечка Гејтвеј“ влезе во последната фаза од тестирањето, а првиот контејнерски брод, M/V Cape Fulmar, беше користен за обука на вработените и тестирање на сите оперативни процеси. Првите камиони и возови со стока се очекуваат на почетокот на септември, додека пристигнувањето на првиот комерцијален брод е планирано за 12 септември 2025 година.

Во тек е интензивно регрутирање, а тимот веќе има повеќе од 220 вработени. Според извршниот директор, Петер Корфитсен, се инвестира значително во луѓе, а во 2025 година веќе се инвестирани повеќе од 45.000 часа во обука. Иако терминалот е високо автоматизиран, при што поголемиот дел од опремата се управува далечински од контролната соба, Корфитсен истакнува дека луѓето се уште се во фокусот.

„Без разлика колку е импресивна најсовремената опрема, без стручни и посветени луѓе таа нема вистинска вредност, технологијата е само алатка, додека луѓето се оние кои ѝ даваат намена и го движат целиот систем“, нагласи Корфитсен.

Терминалот ќе има капацитет од над еден милион TEU (контејнери од дваесет стапки) годишно. Се очекува дека ова повторно ќе ја направи Риека клучно влезно пристаниште за Централна Европа и ќе привлече дополнителни инвестиции, поттикнувајќи го развојот на поврзани активности.

Еден од клучните предуслови за целосен развој на пристаништето е изградбата на нископојасна железница, која би ја подобрила врската со Централна Европа и би овозможила максимално искористување на капацитетот на терминалот. Без неа, пристаништето би било ограничено во ефикасноста на дистрибуцијата на товар.

Овој проект, кој беше реализиран за исклучително кратко време, е резултат на најголемата приватна инвестиција во логистиката во Хрватска, заедничка инвестиција на компаниите APM Terminals и ENNA Group.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!