Profimedia

Ричард Гир се пошегува дека сопругата „немала поим“ кој е тој: „Мислеше дека сум Клуни“

Ричард Гир со години беше познат како „магнет за жени“, а моментално ужива во бракот со 33 години помладата Алехандра Силва. Врската ја започнаа во 2014 година, а познатиот актер се потсети како се запознале.

Ричард Гир и Алехандра Силва засекогаш ќе го паметат првиот пат кога се сретнале. Зборувајќи за Elle Spain на настанот ELLE for Future 2024, Гир се пошегува дека Силва „немала поим“ кој е тој кога првпат се сретнале.

„Таа не гледаше филмови, што беше одлично. Бев многу среќен поради тоа“, рекол актерот, пред сопругата да го прекине, велејќи: „Не, почекај малку. Ричард, знаев кој си.

Додека Силва признала дека не гледала многу негови филмови, Гир на шега прокоментирал: „Мислеше дека сум Џорџ Клуни, но освен тоа, таа точно знаеше кој сум јас“.

Силва признала дека филмот на Гир од 2014 година „Time Out of Mind“ направил таа да се заљуби во него. „Таму е толку секси“, рекла таа со насмевка.

Да потсетиме, парот се венча на приватна церемонија во 2018 година. Тие се родители на 5-годишниот син Александар и 4-годишниот син Џејмс. Гир е очув на 11-годишниот син на Силва, Алберт од претходниот брак и татко на 24-годишниот Хомер, кого го доби со неговата поранешна партнерка, актерката Кери Лоуел.

Гир и Силва со своето семејството се подготвуваат да се преселат во Мадрид, за да бидат поблиску до роднините на Силва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот