Фото: Pixabay / usnetiz

Револуционерно! Специјални капки за очи би можеле да ги заменат очилата за старечка далековидост

Старечката далековидост или презбиопија е проблем што со текот на годините го развиваат сите, а поради неможноста на окото да се фокусира на блиски предмети и текст, најчесто мора да се користат очила за читање. Меѓутоа, можеби постои и поедноставно решение – специјални капки за очи.

Ретроспективна студија, во која биле следени 766 пациенти, а која била претставена на 14 септември на 43. Конгрес на Европското здружение на хирурзи за катаракта и рефрактивна хирургија (ЕСРЦС), открила дека повеќето од нив можеле да прочитаат дополнителни две, три или повеќе линии на табелата за тестирање на видната острина на блиско растојание по користењето на специјално формулирани капки за очи. Ова подобрување траело и до две години, пишува „Саенс дејли“.

„Го спроведовме ова истражување поради значителната незадоволена медицинска потреба во лекувањето на пресбиопијата. Сегашните решенија, како што се очилата за читање или хируршките интервенции, имаат ограничувања, вклучувајќи непрактичност, социјална непријатност и потенцијални ризици или компликации. Постои група пациенти кои имаат старечка далекувидост, но ограничени опции освен очила и кои не се кандидати за операција; тие се во нашиот примарен фокус на интерес. Настојувавме да обезбедиме цврсти клинички докази кои поддржуваат иновативно фармаколошко решение за да им понудиме на пациентите неинвазивна, практична и ефикасна алтернатива“, изјавл  д-р Џована Беночи, директорка на Центарот за напредни истражувања на пресбиопијата во Буенос Аирес.

Како функционираат капките за очи?

Капките за очи, кои ги развил таткото на д-р Беночи, покојниот д-р Хорхе Беночи од истиот центар, содржат комбинација од две активни состојки – пилокарпин, лек кој ги стеснува зениците и го контрахира цилијарниот мускул, и диклофенак, нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ) кој го намалува воспалението и непријатноста што често ги предизвикува пилокарпинот.

Пациентите ги применувале капките за очи двапати дневно, обично по будењето и повторно околу шест часа подоцна, со опционална трета доза доколку симптомите се повторат или доколку е потребна дополнителна визуелна удобност. Пациентите (373 жени и 393 мажи, со просечна возраст од 55 години) биле поделени во три групи за да примаат една од трите формулации на капки за очи. Секоја формулација имала фиксна доза на диклофенак, додека концентрациите на пилокарпин биле 1 процент, 2 проценти и 3 проценти.

Истражувачите го проценувале подобрувањето во способноста на пациентите да ја читаат табелата на Јегер без очила за читање (некоригирана видна острина на блиско растојание) еден час по првата примена на капките, а пациентите ги следеле две години.

„Нашиот најзначаен резултат покажа брзо и трајно подобрување на видот на блиско растојание за сите три концентрации. Еден час по примената на првите капки, пациентите имаа просечно подобрување од 3,45 линии на Јегер. Третманот, исто така, го подобри фокусот на сите растојанија“, рекол д-р Беночи и додаде:

„Импресивно е што 99 отсто од 148 пациенти во групата со 1 процент пилокарпин постигнаа оптимален вид на блиско растојание и беа во можност да прочитаат две или повеќе дополнителни линии. Приближно 83 отсто од сите пациенти задржаа добар функционален вид на блиско растојание по 12 месеци. Важно е да се напомене дека не беа забележани значајни несакани настани како зголемен интраокуларен притисок или одлепување на мрежницата.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот