Фото: Ансплеш

Ревизорски извештај: Македонија без стратегија за нови енергетски капацитети

Иако енергетската транзиција е стратешки приоритет на државата, реализацијата на поставените цели се одвива бавно и во услови на ограничени финансиски ресурси. Државната компанија АД ЕСМ долго време нема изградено нови капацитети од обновливи извори, а се соочува и со неповолна финансиска состојба. Единствен значаен проект е фотонапонската централа „Осломеј 3“ од 100MW преку јавно-приватно партнерство, покажа ревизорскиот извештај за „Зелена транзиција преку промовирање на обновливи извори на енергија“.

Со Националниот план за енергија и клима (НПЕК), Владата во 2022 година постави цел до 2030 година да се намалат емисиите на стакленички гасови за 82% во однос на 1990 година, да се затворат термоелектраните на јаглен и да се зголеми учеството на обновливите извори на 38% во крајната потрошувачка. Сепак, досега не се изработени извештаи за следење на имплементацијата на НПЕК.

Во декември 2023 година на климатскиот самит во Дубаи, Македонија се приклучи кон заедничката декларација за воспоставување на Инвестициската платформа за праведна транзиција (JETIP), со која се предвидува мобилизирање на до три милијарди евра за јавни и приватни инвестиции.

И покрај порастот на капацитети од обновливи извори – од 303 MW во 2020 година на над 1.500 MW во 2024 година – недостасува Индикативен план за изградба на нови капацитети, што создава ризик од несоодветно одлучување за приклучување на нови проекти.

Новите законски измени од мај 2025 година предвидуваат годишно планирање и транспарентен избор на проекти, а во наредниот период ќе се воведат аукции со договори за разлика (CfD) за поддршка на најмалку 800 MW нови капацитети, со поддршка од ЕБОР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!