Топлотен бран во Техеран/Фото: EPA/ABEDIN ATEHRKENAREH

Рестрикции во Иран поради зголемена потрошувачка на струја и вода среде топлотниот бран

Иранските власти наредија утре да се затворат јавните служби во Техеран и неколку други провинции поради топлотен бран и зголемена потрошувачка на енергија, објавија државните медиуми во понеделник.

Најмалку 15 од 31 провинција во земјата ќе имаат затворени служби или ќе имаат намалено работно време за да се намали потрошувачката на електрична енергија и вода, објави официјалната новинска агенција Ирна.

Погодените провинции се Западен Азербејџан и Ардабил на северозапад, Хормозган на југ и Алборз и Техеран на север. Гувернерот на Техеран, Мохамед Садег Мотамеди, изјави дека одлуката е донесена на барање од Министерството за енергетика „поради зголемувањето на температурите и потребата да се троши вода и електрична енергија на најоптимален начин“, според јавната телевизија.

Топлотниот бран што го погоди Иран од средината на јули предизвика недостиг на вода и електрична енергија во поголемиот дел од земјата, додека нивото на водата во акумулациите се спушти на невообичаено ниски нивоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!