Кирјакос Мицотакис, премиер на Грција/Фото: EPA-EFE/URS FLUEELER / POOL EDITORIAL USE ONLY

Решението за Блискиот Исток Мицотакис го гледа во создавање на две држави

Во моментов она што е потребно, пред сè, е воздржаност, за да можеме да дадеме време за да го вратиме на маса единственото политичко решение што може да го реши структурниот проблем на Блискиот Исток, а тоа е создавање две држави кои можат да коегзистираат во мир, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Брисел при пристигнувањето на Самитот на лидерите на ЕУ и Советот за соработка на арапските земји од Персискиот Залив

Мицотакис посочи дека е многу е важно да се повтори повикот „за итен прекин на огнот во Газа за да не продолжи оваа незамислива хуманитарна катастрофа и да ги засилиме нашите притисоци за јужен Либан да не се претвори во Газа, во рамките на законското право што го има Израел да може да се одбрани од иранските напади“.

За денешниот состанок рече дека се одржува во исклучително критичен момент, објасни дека Грција, поради својата географска положба сака дополнително продлабочување на односите меѓу Европската унија и земјите од Персискиот залив.

– Верувам дека е важно да се воспостави овој дијалог на највисоко можно ниво за да ги здружиме нашите гласови, надевајќи се на итен прекин на огнот во Газа, за да се осигураме дека овој конфликт нема целосно да излезе од контрола. Секако, постојат и други прашања за кои ќе разговараме што се однесуваат на нашата соработка во областа на економијата. Постојат многу работи што можеме да ги направиме заедно во енергетскиот сектор, рече Мицотакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот