
Репрезентативка на САД одушеви на тренинг во седмиот месец од бременоста! (ВИДЕО)
Фудбалската репрезентативка на САД вели дека со интензивни тренинзи ќе започне во мај, само еден месец по нејзиното породување.
Алекс Морган со националната фудбалска репрезентција на Соединетите Американски Држави успеа да освои Светско првенство и Олимписки игри.
Препорачано
Изминатите месеци многу навивачи прашуваат дали Морган ќе биде подготвена за наредната Олимпијада (Токио 2020), бидејќи е во седмиот месец од бременоста.
Морган моментно тренира и во текот на бременоста, а најновите видео снимки покажуваат дека сеуште има силен и прецизен удар.
Репрезентативката на САД вели дека со интензивни тренинзи ќе започне во мај, само еден месец по породувањето. Иако таа носи нов живот, техниката на ударите и нејзината работа ги воодушевија навивачите.
Сите се одушевени од нејзината посветеност, но наскоро ќе мора да се откаже од големи телесни напори.
Фудбалерите на женската фудбалска репрезентација на САД после породувањето го прекинуваат активното играње во период од една година.
Олимпискиот фудбалски турнир ќе се одржи во август. Доколку сака да биде дел од репрезентацијата, Морган ќе мора да се врати во форма за помалку од четири месеци по породувањето. Звучи како тешка задача, но последното видео покажува дека нема „невозможни мисии“ за оваа дама.