Фото: uschb.fr

Репрезентативец на Македонија се пресели во Франција

Македонскиот ракометен репрезентативец Михајло Младеновиќ ја продолжува кариерата во Франција, каде што потпиша двегодишен договор со тимот на Кретеј, клуб кој се натпреварува во втората по ранг лига во францускиот ракомет.

Од клубот потврдија дека биле во потрага по лев бек кој ќе му биде соодветна поддршка на Давид Иглесијас, а стручниот штаб изборот го направил токму со ангажманот на Младеновиќ.

„Можеме да потврдиме дека потпишавме двегодишен договор со Михајло Младеновиќ. Тој беше дел од нашите подготовки и по неколку недели тестирање, донесовме одлука да му понудиме договор“, соопштија од Кретеј.

Младеновиќ минатата сезона настапуваше за Алкалоид, со кој имаше успешна година, крунисана со освојувањето на ЕХФ Европскиот куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот