„Реков, те молам, Нина, направи нешто“: Тереза Кесовија ​​откри кого смета за одговорен за тешките последни денови на Габи Новак

Хрватската музичка дива Тереза ​​Кесовија (86) тешко ја поднела загубата на својата колешка и блиска пријателка Габи Новак, која почина на 90-годишна возраст. На нејзината комеморација, која се одржа оваа недела во концертната сала „Ватрослав Лисински“, таа со солзи во очите раскажала за Габи.

„Таа е секогаш со мене во мојата душа. Секогаш во моето срце, Секогаш и засекогаш“, изјави Тереза ​​за „Ин магазин“. „Таа беше толку единствена што навистина ја обожавав“, додала Кесовија.

Тереза проговорила и за последните денови на Габи, кои ги поминала во загрепскиот дом за рехабилитација каде што се опоравувала од повреда на ‘рбетот, па открила дека поради тоа се јавила во Министерството за култура.

„Таа дури и не можеше повеќе да зборува, јас ѝ испраќав пораки. Бев кај неа во тој дом, јас сум всушност огорчена. Се јавив во Министерството за култура и реков: те молам, Нина, направи нешто, нека биде на некое подобро место, на некој подобар кревет, не може да спие на тој ужасен кревет. Но, ништо не беше преземено“, раскажала Тереза.

Тешко ѝ е да прифати дека Габи ја нема.

„Ние толку многу разговаравме. Секоја вечер додека беше многу болна. Јас и порано ѝ раскажував вицеви, таа толку прекрасно се смееше. Таа е тука, некој што толку многу го сакаш не може едноставно да исчезне“, рекла Тереза.

Да потсетиме, Габи Новак почина на 11 август, а само два месеца претходно ненадејно почина и нејзиниот син Матија Дедиќ на 53-годишна возраст. Урната на Габи е положена во семејната гробница во Мирогој, каде што е погребан и Матија, како и нејзиниот сопруг Арсен Дедиќ и нејзината мајка Елизабета Рајман.

 

Тереза Кесовија откри како изгледале последните денови на Габи Новак: „Знаев дека нема да трае долго“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот