фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Рекордна посетеност на Енфилд за дербито Ливерпул – Евертон

Енфилд се подготвува да биде домаќин на најмногубројната публика во историјата на мерсисајдското дерби оваа среда.

По повеќе од две недели без натпревар, Ливерпул се враќа на теренот со домашен натпревар против Евертон во дербито на Премиер лигата, кое започнува од 21.00 часот.

Највисоката посетеност на едно дерби на Енфилд била забележана во април 1963 година, кога 56.060 гледачи биле сведоци на реми без голови.

Сега, сепак, оваа бројка лесно ќе се надмине – благодарение на проширувањето на трибината на „Енфилд Роуд“, домашните натпревари на „црвените“ во сезоната 2024/25 редовно привлекуваат над 60.000 навивачи.

Моментно на премиерлигашката табела Ливерпул е на првото место по 29 кола со 70 бодови, 12 повеќе од второпласираниот Арсенал, додека Евертон е на 15 место со 34 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот