Германска полиција / Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Рекорден раст на политички мотивираните злосторства во Германија

Во Германија, полицијата лани регистрирала повеќе од 84.000 политички мотивирани злосторства. Ова е највисока бројка од воведувањето на статистиката во 2001 година.

Во споредба со 2023 година, како што јавува ДПА, бројот на кривични дела со политички мотиви се зголемил за околу 40 проценти.

Федералната криминална полиција како причини ги наведува, меѓу другото, изборите и конфликтот на Блискиот Исток.

Кампањата за предвремени избори за Бундестагот во февруари оваа година, исто така, остави свој белег.

Најголем пораст е забележан кај кривичните дела за кои се претпоставува дека се мотивирани од десничарска ориентација. Од 28.945 пред две години, бројот на вакви кривични дела скокна на 42.788 во 2024 година.

Меѓу 4.107 насилни акти со политички мотив, уделот на оние со десничарска позадина е особено висок и изнесува околу 36 проценти.

Речиси 24 проценти се водени од „странска идеологија“, а 19 проценти полицијата ги припишала на екстремно левичарската средина. Во 19.481 случаи, полициските службеници ја идентификувале ксенофобијата како мотив. Антисемитизмот е наведен во 6.236 случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот