Гасовод Северен тек 1/ Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Рекорден пад: Европа добива сè помалку руски гас

Во првата половина од 2025 година, рускиот енергетски гигант „Газпром“ испратил само 9,93 милијарди кубни метри гас за европските клиенти, покажуваат пресметки на „Ројтерс“ базирани на податоци од „Турски поток“ – единствениот активен гасовод од Русија кон Европа.

Во споредба со истиот период лани, кога испораките изнесуваа 18,3 милијарди кубни метри, падот е речиси 50%. Ако трендот продолжи, до крајот на 2025 година Европа ќе добие околу 17 милијарди кубни метри руски гас – најниско ниво од 1970-тите.

За споредба, во 2018–2019 година, пред почетокот на војната во Украина, Европа добиваше и до 180 милијарди кубни метри годишно. Само преку Украина, која веќе го прекина транзитот, се испорачуваа и до 140 милијарди кубни метри гас годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот