
Реконструирани 12.000 м2 пешачки патеки во вториот дел од Градскиот парк
Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по интензивната работа во текот на изминатите месеци, ја завршија целосно реконструкцијата на пешачките патеки во западниот дел од Градскиот парк, информираат од Град Скопје.
Препорачано
– Реконструкцијата на пешачките патеки во вториот дел од Градскиот парк по налог на Град Скопје, се реализираше во неколку фази и се одвиваше на вкупна површина од 12. 000 квадратни метри. Сите оштетени патеки во западниот дел и во средишниот дел кај малите езерца целосно се обновени со нова асфалтна маса и тој дел од паркот е функционален за рекреација и прошетки на граѓаните. Содржините во вториот дел на Градскиот парк овој месец ги збогатија и екипите од ЈП „Паркови и зеленило“ коишто поставија нова парковска опрема кај езерцата со нов видиковец изработен од дрвени елементи – информираат градските власти.
Оттаму објаснуваат и дека, во изминативе недели екипите ја обновиле и оштетената урбана опрема во Градскиот парк, односно ги санирале оштетените клупи и садови за отпадоци, а ги обновиле и ги пуштиле во употреба по три години чешмите и фонтаните.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
13мин
-
20мин
-
23мин
-
32мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5