Регрес за годишен одмор ќе биде исплатен на вработените од „Комунална хигиена“

На својата 23 седница, одржана на 28 мај 2019 година, Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје донесе Одлука на вработените во Претпријатието да им биде исплатен регрес за користење на годишен одмор за 2016 година, 2017 година и 2018 година.

За таа цел, директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани, денеска ја потпиша Спогодбата за регулирање на начинот на исплата на регрес за користење на годишен одмор, со претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Северна Македонија (СУТКОЗ), Дарко Димовски.

– Би сакал да го изразам своето големо задоволство од донесената Одлука, имајќи предвид дека кон вработените во Претпријатието повеќе од една деценија не била исполнета оваа законска обврска на работодавачите. Ми претставува особена чест што Одлуката ќе ја спроведеме во рамките на мојот мандат на раководење и ќе настојувам секоја наредна година на вработените во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје да им биде исплатен регрес за годишен одмор.“ – истакна директорот Абдусамед Шабани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!