Регистрирани 2.569 случаи на грип, Скопје, Битола и Куманово со најголем број заболени

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во деветата недела од 2025 година се пријавени 2.569 нови случаи на грип, што е намалување од 15,4 отсто во споредба со претходната недела. Сепак, бројот на заболени е четирикратно зголемен во споредба со истиот период минатата година и за 38,4 проценти во споредба со последните 14 сезони. Најмногу заболени се пријавени во Скопје, а 1.465 лица се на возраст од 15 до 64 години.

Директорката на Институтот, Марија Андоновска, истакна дека најголем број на заболени се пријавени во Скопје – 515, Битола – 236 и Куманово – 203, Струмица 166, Гостивар 141, Тетово 137, Штип 137, Велес 135, Свети Николе 125, а во останатите градови бројот е под 100.

Возрасната дистрибуција покажува дека најмногу заболени се на возраст од 15 до 64 години – 1.465 случаи.

-Во однос на возрасната дистрибуција 1465 лица се на возраст од 15 до 64 години, 550 кај деца на возраст од 5 до 14 години, 297 пријавени случаи кај деца на возраст од 0 до 4 години и 257 кај лица на возраст над 65 години, рече Андоновска.

Дополни дека во текот на оваа недела, во три извештајни единици (Дебар, Кратово и Свети Николе) е регистрирана многу висока активност на вирусот.

Вкупниот број на случаи на грип оваа сезона изнесува 19.944, што е зголемување од 49 отсто во споредба со минатата сезона. Регистрирани се четири смртни случаи, од кои последниот е жена над 65 години со коморбидитети.

Препораките од ИЈЗ остануваат исти, да се следат мерките за превенција и изолација.

-Препораките од ИЈЗ се истите да се следат сите оние препораки за превенција од грип и нормално оние кај коишто веќе дијагностициран грипот да останат дома, во своите домови, да се изолираат колку можат повеќе да не бидат во контакт со своите блиски особено доколку во нивните семејства живеат луѓе коишто имаат мали деца. И да се почитуваат сите препораки коишто ги има Институтот и сите надлежни институции, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот