unsplash

Речник на медиумска писменост – онлајн публикација која нуди толкување на повеќе од 700 поими од различни области

Во рамки на проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“, Институтот за комуникациски студии во соработка со УСАИД денеска го промовираше Речникот на медиумската писменост, кој нуди толкување на повеќе од 700 поими од областа на медиумската писменост, комуникологијата, новинарството, лингвистиката, филозофијата, антропологијата, правото, економијата итн. Од УСАИД велат дека ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се појавија во дигиталната ера и новите начини на комуникација, со развојот на медиумите и со појавата на нови алатки и активности во онлајн-сферата.

Проектот го спроведува ИРЕКС во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми и со Младинскиот образовен форум.

Фото: Принтскрин

Достапен e како онлајн публикација на македонски и на албански јазик, а за секој термин е дадена и неговата англиска варијанта, соопшти Институтот за комуникациски студии.

Фото: Принтскрин

-Целта за неговото создавање е да се користи како унифицирана јазична основа и како водич за сите оние што сакаат и што имаат потреба да бидат упатени во областа на медиумската писменост, велат од Институтот за комуникациски студии.

Кај поголемиот број термини во Речникот е дадена и дополнителна информација за нив (историски факти, функционални информации, фреквенција на употреба, стилски карактеристики итн.), со цел корисникот да добие целосна претстава за самиот термин.

Од ИКС додаваат дека на Речникот работеле цела година со 15 колеги од различни области: медиумски професионалци, комуниколози, лингвисти, наставници, практичари и теоретичари.

-Со оглед на тоа што станува збор за специфична интердисциплинарна материја, во неговото креирање учествуваа 15 докажани теоретичари и практичари од различни области и образовни институции. Идејата е оваа публикација да се ажурира и да се збогатува со нови поими и во иднина, наведува Институтот кој го координирал процесот на креирање на Речникот во рамките на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, којшто го спроведува ИРЕКС во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Младинскиот образовен форум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот