Парламент во Босна/ фото: МИА

Речиси 1.400 компании се меѓу најголемите ДДВ должници во БИХ

На листата на должници за ДДВ и акцизи во Босна и Херцеговина има дури 1.395 компании, чиј поединечен долг изнесува повеќе од 25.000 КМ. KJKП Грас Сараево е најголемиот ДДВ должник со 28,9 милиони КМ неплатени обврски.

Веднаш зад ГРАС се наоѓа рудникот за јаглен од Тузла „Крека“ со 19,4 милиони КМ и „Босмал“ од Сараево со долг од 14,2 милиони КМ. Следно се две компании од Брчко Дистрикт, имено „Монтер и Ко“ со 7,6 милиони КМ и „Хисар трејд“ кој должи седум милиони КМ. На шесто место е Радиотелевизија БиХ со долг од 6,9 милиони КМ, на седмо „Екстраблат“ од Градачац со речиси шест милиони КМ, додека на осмо место е ФЛИБОСНИА Сараево со долг од три милиони, пишува Capital.ba.

Меѓу десетте најголеми должници за ДДВ и акцизи на крајот на јуни беа „Биоил“ Добој со 2,7 милиони и „Алпер трејд“ Брчко со 2,6 милиони марки, набројува Фактор ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот