Фото: Kyle Thomas kylewith.com

Рецепт за кето погачи, слободно јадете ги и ако сте на диета

Ако во моментот сте на диета или планирате да бидете, овој рецепт мора да се најде на вашето мени. Кето погачите со сирење се здрава опција, која можете да ја јадете без да се грижите дека ќе се здебелите.

Состојки:

– 190 грама бадемово брашно
– 1 лажичка прашок за печиво
– сол по вкус
– 340 грама сирење моцарела
– 60 грам крем сирење
– 2 јајца за тесто и едно јајце за премачкување

Подготовка:

Измешајте го брашното со прашокот за печиво и посолете. Во друг сад измешајте рендана моцарела и крем-сирење, па стопете ги на пареа (само ставете ја над тенџере со врела вода, сирењето брзо се топи). Во растопеното сирење додајте 2 јајца и измешајте. На крајот, смесата додајте ја во брашното и месете со раце. Намачкајте ги рацете со масло, а потоа одвојте и формирајте мали топчиња што ќе ги тапкате со раце во форма на шпиц. Премачкајте со јајце и наредете ги на плех обложен со хартија за печење.

Се пече во загреана рерна на 200 степени осум минути. Послужете со прилог по ваш избор.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот