Фото: EVERYDAY PaRIS / Unsplash

Рецепт за брзи погачи со сирење: Сите состојки сигурно веќе ги имате дома!

Овие вкусни погачи можат останат тазе и по неколку дена, но сигурни сме дека ќе се изедат веднаш.

Состојки:

– 400 г брашно
– 250 г свежо сирење
– 250 г путер
– 1 јајце
– 1 жолчка
– сусам
– ким
– сол

Подготовка:

1. Одвојте 3 лажици од вкупното количество на путер.
2. Замесете тесто од 300 г брашно, сирење и путер, а ако ви се лепи, додајте уште брашно.
3. Расукајте го тестото и премачкајте го со растопен путер (одвоеното количество). Преклопете. Повторно премачкајте. Повторно преклопете, па ставете го тестото во фрижидер еден час.
4. Кога тестото ќе одмори, повторно расукајте го, но не претенко. Вадете погачи со калап и редете ги на плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со изматено јајце и жолчка, посипете ги со сусам или ким и печете ги во рерна на 190 степени, 12-15 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот