фото: EPA/WILL OLIVER

Реал Мадрид со најголема заработка досега на Светското клупско првенство

Групната фаза на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, кое ФИФА го организира во нов формат и со никогаш поголеми награди, заврши, а со тоа се познати и заработките на фудбалските клубови досега на турнирот. Реал Мадрид досега заработи најмногу, 43,55 милиони евра.

Почнувајќи од утре, турнирот влегува во својата одлучувачка фаза, во која наградите ќе бидат уште поголеми. Вкупно една милијарда долари (околу 800 милиони евра) се распределуваат на турнирот, а се пријавија 32 клубови од 20 земји.

Секој клуб што стигнал до осминафиналето веќе заработил 6,45 милиони евра, пласманот во четвртфиналето носи 11,28 милиони, полуфиналето носи дополнителни 18 милиони, финалистот добива 25,8 милиони, а победникот на турнирот ќе добие награда од дури 34,3 милиони евра. На ова треба да се додаде и заработката од групната фаза.

Наградниот фонд се распределува на следниов начин:

Од групната фаза па натаму: 2 милиони долари (1,7 милион евра) за победа, 1 милион долари (850.000 евра) за нерешен резултат
Осминафинале: 7,5 милиони долари (6,4 милиони евра)
Четвртфинале: 13,125 милиони долари (11,21 милиони евра)
Полуфинале: 21 милион долари (17,9 милиони евра)
Финале: 30 милиони долари (25,6 милиони евра)
Освојувач: 40 милиони долари (34,18 милиони евра)

Вкупно 16 клубови што стигнаа до осминафиналето остварија различен профит. Разликата произлегува од нелинеарен модел на распределба на приходите, според кој ФИФА распредели 451,6 милиони евра само за учество, земајќи ги предвид два критериуми: видливост и значајност.

Клубовите од Северна и Централна Америка, Африка и Азија добија фиксен износ од 8,22 милиони евра, додека клубовите од Јужна Америка добија малку повеќе, 13,09 милиони. Најмал износ за учество доби претставникот на Океанија, Окленд сити, 3,08 милиони евра.

Што се однесува до европските клубови, само за учество на турнирот тие добија помеѓу 11,02 (РБ Салцбург) и 32,8 милиони евра (Реал Мадрид), во зависност од рангирањето и комерцијалните критериуми.

Клубови со најголема заработка досега на Светското клупско првенство:

Реал Мадрид 43,55 милиони евра
Манчестер Сити 42,51
Баерн 37,69
ПСЖ 37.09
Борусија Дортмунд 34.15
Интер 32.35
Јувентус 26,99
Бенфика 25,35
Фламенго 23,84
Атлетико Мадрид 23.14…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот